„Денеска по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се учениците и тоа од: ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и СОУ ,,Ќиро Спанџов Брко’’. Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни„
- истакнуваат во соопштението од Кабинетиот на градоначалникот Митко Јанчев.
Во меѓувреме по 4-5 часа,добиве информација дека дојавме информација , дека во сите образовни и воспитни институции дојавите за бомби биле од лажна природа, и наставата ке продолжи на нормално,