Градоначалникот и Советот продолжуваат да го реализираат она што е ветено пред граѓаните.Изградени се две нови детски игралишта во месноста „Моклиште„ и во село Ваташа. На истите беше поставена подна гумена подлога, нови детски реквизити и заштитна ограда, а во село Ваташа еден дел е со гумена подлога со детски реквизити, а другиот со вештачка трева. Изведувач на работите е фирмата „Бетон Груп М и М“.