МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Организационата единица за паркови и зеленило при ЈП „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во градот.

Во оваа пролетна кампања на разубавување со љубичици беа вклучени три локации. Тоа се жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во Паркот на Револуцијата.

ЈП „Комуналец“ на овие три локации засади љубичици, кои го култивираат и разубават овој дел на градот.

Хортикултурното уредување денеска продолжува со засадување на 20 садници јавор позади зградите викани “лепотици”. Ратка Мукаетова, раководител на “Паркови и зеленило”, информира дека на површината покрај кејот на реката Луда Мара спроти поранешната фабрика “Таска”, се вршат подготовки за хортикултурно сеење. Самото сеење ќе се обави во текот на утрешниот ден. Од другата страна на реката пак, се вршат припреми за обезбедување на приклучок за вода, по што исто така ќе следи припрема за сеење и сеење на површината.

-Редовно се врши косење на тревата од зелените површини и пометување. Хортикултурно уредуваме и кај “Силекс” зградите, а континуирано се пристапува и кон полевање на зелените јавни површини. Се со цел, убава околина, нагласува Мукаетова.