Инегрален текст од Пресот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци:
„Дојдовме до тоа што долго време го чекаа Македонските граѓани. Дојдовме до посакуваната цел која треба да значи крај на двегодишната криза. Дојде време за одговорот кој граѓаните го спремаат веќе две години.На овие избори победници ќе бидат граѓаните, тие со нивниот глас ќе одлучат кој треба да ги води, кој треба да ја води државата и да работи за подобра иднина на нив и нивните деца.На овие избори граѓаните ќе докажат дека се против раздори кризи и поделби. Дека се против разни игри со сомнителни радикални структури. Граѓаните на овие избори нема да дозволат ниту проширување на рамковниот договор, ниту ќе дозволат да се врати времето кога се затвараа фабрики, кога само во Кавадарци преку ноќ останаа без работа над 5000 граѓани.Излезете и гласајте! Гласајте за тој што носи инвестиции и отвара нови работни места. За тој што од #Кавадарци направи град во кој покрај кавадарчани, лебот тука го вадат дури и граѓани од околните градови.Гласајте, За тој што гради училишта, спортски сали, автопати и овожможува успешна бизнис клима во државата.Но, гласајте и за новите проекти. Гласајте за рестартирање на стопанските капацитети кои СДСМ ги затвори во нивно време, гласајте за дополнителни 600 милиони евра субвенции во земјоделието, за зголемување на минималната плата, но РЕАЛНО зголемување без да им се наштети на стопанствениците.Гласајте за оваа програма и заокружете го бројот 1!Сите до еден! Јасно да им кажеме дека сме за реални проекти и за суверена Македонија! Да заокружиме ЕДЕН, за Македонија!“.