„На 02.04.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Е.М.(20) од Кавадарци и Д.Џ.(20), со привремен престој во Кавадарци. Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од с.Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.„ се наведува во денешениот билтен на МВР.