МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод големиот христијански празник, Богојавление - Водици, во петок, 19 јануари, ќе се отслужат божествени литургии во храмовите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“.Потопувањето на светиот крст ке се изврши во водите на реката Луда Мара кај „Јаворот„

Почетокот на литургиите и во двете цркви ќе започне во 8 часот и 30 минути, по што ќе следи голем богојавленски водосвет во двата храма.Веднаш потоа од двата храма ќе тргнат литиите кои ќе се упатат кон централниот мост на реката „Луда Мара“ кај „Јаворот“, каде и годинава ќе биде потопен светиот крст.Од кавадаречкото намесништво ги повикуваат сите верници да дојдат во храмовите, да присуствуваат на литургиите и да земат учество во литиите.„Бог се јави - навистина се јави“

-РТК ке врши директен пренос од настанот: потопувањето на крстот во водите на реката „Луда Мара“ на rtklive.rt.mk на порталот РТК.МК и на ФБ профилот на РТК.МК.