МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 22.04.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кавадарци на ул.“7-ми Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.„ се наведува во денешниот Билтен на МВР.