МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Преку доброволно учество вработените во компанијата ја покажаа својата хуманост Кавадарци - „Под мотото „Биди хуман – дарувај крв“ во просториите на DRӒXLMAIER Кавадарци се одржа доброволна крводарителска акција за вработените во компанијата. Голем дел од нив изразија желба за дарување крв со што ја покажаа својата хуманост на дело. Крводартелската акција беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организациска единица на Црвен Крст Кавадарци. DRӒXLMAIER со континуирана поддршка за заедницата „Им благодариме и истовремено сме горди на нашите вработени кои доброволно и со многу ентузијазам и хуманост беа дел од оваа крводарителска акција. DRӒXLMAIER во континуитет преку бројни проекти и акции заедно со своите вработени ја поддржува заедницата кадешто делува и и понатаму продолжуваме по тој пат. Чувството на блискост, одговорност и поддршка едни за други ги создаваат нашите вредности на семејна компанија со традиција од над 60 години“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија. Голем дел од дарителите на крв кои учествуваа во акцијата се повеќекратни крводарители, но имаше и такви кои даруваа крв по првпат. Вработените ја покажаа својата хуманост „Драго ми е што денеска имам можност да дарувам крв, а уште посреќен ме прави фактот дека ќе му помогнам некому. Прв пат дарувам крв и сметам дека овој доброволен чин е одраз на хуманост и солидарност којшто треба сите ние почесто да го практикуваме“, вели Ангелкова Станка вработенa во DRӒXLMAIER. Атанасов Зоранчо исто така е вработен во компанијата и е долгогодишен крводарител. Дарувал крв повеќе од 20 пати. „Постапката трае околу десетина минути, а само со една кесичка крв може да се спасат неколку животи. Со многу ентузијазам ќе продолжам да дарувам крв и во иднина“, додава тој. DRӒXLMAIER и понатаму посветено заедно со своите вработени продолжува да реализира широк спектар на проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.“„ се наведува во соопштениерто од ДММ Кавадарци. доброволно учество вработените во компанијата ја покажаа својата хуманост (1)