МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фото; Бранко Ивананвски

Општина Кавадарци денеска упати јавен повик во потрага по крал и кралица за Тиквешкиот карневал, но и останати учесници.

- Доколку сакате оваа година да бидете дел од спактакуларниот Тиквешки карневал , ваше е само да имате желба и насмевка. Пријавувањето трае до деветти август, се вели во повикот објавен на фејсбук страницата на традиционалната манифестација ,,Тиквешки гроздобер".

На 14 јули, со мнозинство гласови, Советот на општината Кавадарци ја усвои програмата за ,,Тиквешки гроздобер 2023". За традиционалната манифестација се предвидени 10.595.086 денари. Општината ќе издвои пет милиони и триста илјади денари, а остатокот се планира да се обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на Фестивалот.

На ,,Тиквешки гроздобер" ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена.

Програмата содржи карневалско дефиле, културни настани, изложба на олд тајмери, мото рели, таблијада, огномет. ,,Тиквешки гроздобер" ќе се одржи од седми до десетти септември.

- За време на фестивалот ќе се обрне внимание на тоа да се опфатат активности за сите генерации, со зачувување и негување на традициите и обичаите типични за Тиквешкиот лозаро - винарски регион, пишува во програмата.

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.