„Младите се моторот на едно општество. Главната движечка сила што влече напред. Како млади учествувавме во важни процеси за македонската држава. Почнувајќи од студентските протести, нашата борба за правата на студентите, преку Шарена револуција, во борба за демократизација, напредок и европската перспектива на државата. Да се биде дел од СДСМ и СДММ отсекогаш било чест. Но, да се биде дел од СДСМ и СДММ во вакви сложени времиња од кои зависи иднината на државата е предизвик. Тоа наш личен влог за подобро утре. Ги охрабрувам сите младите. Да бидете гласни. Да се слуша вашиот глас. Заслужуваме европска иднина за која ние како генерација заеднички ќе се избориме. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Нека е честит меѓународниот ден на младите!„-се наведува во Соопштението од Вуко Мелов Претседател на ОО на СДСМ Кавадарци .