МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во продолжение го доставуваме интегрално соопштението до јавноста.

„- Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог - деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување - потенцираше советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски. Според Богевски, конкретниот ДУП предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара.

- Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие - додаде Богевски. Тој потсети дека пред околу два месеца почнаа постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани. - На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од Дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на Општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина!

Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина - појасни советникот Богевски. Советникот од Левица, Круме Богевски, околу шест часа часа ги презентираше амандманите, кои мнозинството не ги прифаќа, нагласувајќи дека, сепак, во планот ќе се почитуваат желбите на населението.

Богевски има поднесено 365 амандмани и како што вели - со ова како партија го блокираат уништувањето на делот околу таканаречените Силекс - згради. “

-Со почит, Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица