МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Речиси полно гледалиште и собрани повеќе од 200 книги е епилогот од синоќашниот музички хепенинг кој во рамките на проектот „Културна (Р)Еволуција“ се случи во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци.

Иако беше најавено дека влезницата за настанот изнесува само една книга, голем број кавадарчани не ја пропуштија можноста да донесат повеќе од една книга. Во акцијата покрај публиката се вклучи и целата кавадаречка музичка сцена, која покрај тоа што со својот настап го поддржа настанот, дополнително донираше и книги. Честа да ја отворат вечерта ја имаа Харизма Бенд, а веднаш по нив следуваше настапот на Ориентал Бенд и Лидија Паскова. Александра Михова ја отпеа авторската „Ништо не остана“, а Наташа Малинкова во придружба на Столе Аврамов заедно со публиката ги отпеа познатите рефрени од нејзините големи хитови „Грешка“, „Едно си ти“ и „1000 зборови“. Музичката програма продолжи со Трио Абдомен (Пикси, Перо и Гранде) и Бадасал, а вечерта ја затворија балетското студио „Венус“ и студиото за модерен танц „Линеа“ со нивните уникатни музички перформанси. Во продолжение од проектот, собраните книги ќе бидат распределени по училишните библиотеки во кавадаречките основни и средни училишта. Проектот „Културна (Р)еволуција“ е поддржан од младинскиот фонд на Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог, кој се реализира веќе трета година на регионално ниво од страна на 7 Агенции за локална демократија и АЛДА Скопје во 5 балкански земји. Преку локални и регионални активности, платформата има за цел да ја зголеми свеста за младинското учество, младинскиот активизам и можностите за младите луѓе да создаваат и да бидат дел од донесувањето одлуки. Ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш во сабота и официјално ќе ја стартуваат новата натпреварувачка сезона, во која амбициите се да се оди барем скалило повисоко од минатогодишниот пласман. Со оглед на тоа што ростерот остана непроменет, а искуството на тимот е на многу повисоко ниво, се очекува избраниците на професорот Блаже Велков не само да го остварат, туку и да ги надминат првичните очекувања. Сепак, стартот на новата сезона нема да биде ни малку лесен, затоа што во Кавадарци гостува минатогодишниот шампион, тимот на Младост од Богданци. Иако прво рангираниот тим од минатата сезона требаше сезонава да игра во суперлигашкото македонско ракометно друштво, поради финансиите одлучи да остане во првата лига. Натпреварот се игра во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 17 часот и 30 минути.