МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска тој доби значајно признание:Прво место на конкурс на кој учествувал кон крајот на 2016 година во Шпанија

За младиот матурант-млад ликовен уметник неодамна пишувавме а направивме и интервју, со предвидување дека неговата дарба и талент можат да изродат во голем уметник.Има сеуште време тоа да се потврди но признанијата од странство, започнаа да пристигнуваат, а тоа е добар знак-дека сме биле во право.Неговата необична ликовна креација, пред се оригинална во својата основа, ке ја забележи некој кој е далеку покомпетентен.Во областа на дизајнот тој ја гледа својата иднина и затоа веќе реши да студира во Барцелона-во Шпанија .Токму од Шпанија, земјата на Пикасо,денеска пристигна наградата за најдобар труд на интернет конкурсот на тема „Комбинирана творба и мода„ во градот Сабн Себастијан.По учествто на наградниот конкурс на тема„Комбинирана творба и мода„ во месец октомври минатата година,кавадречкиот ликовен талент,младиот Пикасо од Кавадарци- ПАНЕ Хаџи Василев , го освои првото место и статуетката која денеска пристигна на негова адреса во Кавадарци.-Возбуден сум, позитивно и ова награда многу ми значи.За неа ме известија нешто порано но сега ,кога го гледам признането, возбуден сум.Без разлика дали е конкурс или друга форма на натпревар, секогаш сакам да покажам добра слика, како сега ,кога вложив труд и љубов, вели Пане.