Oпштина Кавадарци достојно ке го одбележи името на Никола Бадев-доајенот на македонската народна песна,чиј глас остави траен печат во македонскиот национален мелос
Општина Кавадарци достојно трајно ке го одбележи името и творештвото на „златниот- кадифен“ глас на македонската народна песна Никола Бадев од Кавадарци.Во недела на 25 септември во 19 часот во Домот на Културата,ке биде одржана Свечена академија посветена на 40-годишнината од смртта на Николла Бадев, кој со својот неповтрорлив глас, остави траен печат во македонската народна музика, досега ненадминат од ниеден песнопоец.Се пробале како него да пеат многумина но никој не успеал-само еден е Бадев.
Локалната самоуправа со градоначалникот и Советот и Музеј Галеријата ја организраат Академијата со цел да ги потсетат помладите генерации со музичкото творештво на овој наш великан во народната музика и трајно да го втемелат неговото име во Македонската музика и во овој крај од каде тој потекнува.Предвидена е пригодна програма на самата академија со пригоден реферат, и исполувања на негови песни од наши исполнители ,настап на КУД,наставници и професори од Музичкото училиште во Кавадарци
Општина Кавадраци трајно му се оддолжи на Бадев со тоа што на Градскиот плоштад подигна спомен биста со неговиот лик.