-„На голема радост на театарската а богами и на женската публика, најжешките Кавдаречки пастуви се спремни не само да ги загреат виа свежи октомвриски ноќи туку и значително да а зголемат влажноста на воздухот шо може да создаде услови за појава на громогласни аплаузи и смеење до с"зи во централното градско подрачје. Премиерното “соблекување” се одржа вечерва, а карти има дури за третта реприза„.
Ова го напиша на својот фб профил Даниел Уневски еден од граѓаните на овој град, кој авторот на овие редови посебно го цени и верува во она кое го пишува.
Дека сме блиску со мислењата не потврди Диме Коцевски кој е режисер на претставата.Тој на крајот на премиерата на „Кавадречките пастуви“ обраќајќи се до публиката се заблагодари на сјте кои ја скоцкаа претставата и посебно кажа дека вечерашната публика навистина придонела да се одржи една од најдобрите премиери во Кавадарци досега.Спонетаноста во реакцијата, тишината,забавата и смеата, кои доаѓаа спонатно и човечки, придонесоа навистина на проследиме добра комедија на штиците што значат живот во Кавадарци.
Инаку театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, премиерно ја одигра преставата “Кавадаречки пастуви“ по текст на Ентони Мекартен и Стивен Синклер, а во адаптација и режија на Диме Коцевски. Претставата е всушнист комедија за возрасни, комедија за необични случки во секојдневната борба за живот.Играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Сашко Орешков, Александар Видиков, Цветанка Прочков, Алекасандар Малинков, Ристе Стојанов, Александар Стојков и Диме Коцевски.Суфлери беа Маја Стојанова и Доменика Митевска.Тонот и светлото се на Пепи Ангелов а сценската поддршка на Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.
Некои актерски имиња се нови, но вечерва тоа многу не се почувствува.Тие се вклопија во колективната забава и смела изведба наа првото јавно соблекување(не до крај)
на актерите од Кавадарци кои можеби пишуваат тетарска историја, барем кога е овој жанр во прашање.Александар Малинков, во улога на попицаец, му даде нотам, по сите нишани.Одлична адаптација на Коцевски и добар распоред во дијалозите на кавадречки дијалект посебно на „безобразните,,псовки.
Комедијата „Кавадаречки пастуви„ беше смешна на моменти до солзи.Присутните релаксирано два часа се смееја и забавуваа што беше и целта.Од големиот ,,лок даун,, не бевме биделе таква екплозија на расположение , и затоа топло ја препорачуваме да ја погледнете.Не заради друго, туку заради себе, бидејќи некои од вас заборавија да се смеат.
А интерест за „Пастувите“ е страшно голем .Продадени се две репризи, а за третата незакажана владее голерм интерес.Да ни бидеме пророци но ова може да биде најгледана кавадаречка комедија досега.