Пред точно 90 години започна со работа Тутуновиот монопол во Кавадарци, најголема работна организација во тој период во Кавадарци.
За управник на Монополот е назначен Цветко Поповиќ од Србија. Во почетокот во Монополот се вработиле околу 50 сетина работници, но подоцна, за време на зезоната таа бројка достигнувала до 250 – 300 работника. Монополот бил центар каде се јавува и зачеток на работничкото и револуционерно движење во Кавадарци, а голем број работници станале борци во партизанските единици во Македонија за време на НОВ и револуцијата 1941-45 година.