МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во четврток, на 21 јуни 2018, во 20 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци , премиерна ке ја изведе на претставата “Пасивно пушење“, по текст на Небојша Рончевиќ .Денеска се одржа Прес конференција.

Жанровски станува збор за комедија и во неа парадоксите кои Европа ги има кон имигрантите. Tекстот ја имаше својата праизведба во “Звездара театар“, Белград, Србија, а во Македонија првата изведба ја има токму на сцената на кавадаречкиот Дом на култура.

Режијата е на Јордан Витанов од Велес, како гостин.

Во претставата играат: Атанас - Диме Коцевски; Жан Клод М’Бебе - Видан Станоев; Лакан - Диме Боцев; Џек Бауер - Љупчо Настов; Џек Бауер Јуниор - Коле Колев; Зорка - Валентина Ѓорѓиова.

Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија - Валентин Светозарев; костимографија - Јордан Витанов; избор на музика - Марјан Тодоровски; асистент на режија - Микица Илова; инспициент/суфлер - Благица Илиева; видео продукција - Тони Коцев; сценска поддршка - Диме Темков; плакат - Билјана Соколова Тодоровска.

20180620_111525.jpg

35486504_10216214571220022_6418361460279214080_n.jpg