Во рамките на редовните програмски активности, а во пресрет на големиот празник “Свети Трифун“ во понеделник, на 13 февруари 2017, во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржат два настани. Во 19 часот, во Галеријата при Домот ќе биде отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, под наслов “Божествената љубов и виното во Кавадарци“.
Во 19.30 часот, во салат при Домот на културата ќе се одржи целовечерен концерт на Оркестарот на Армијата на Република Македонија.