Од 9 до 11 февруари во Белград се одржува меѓународна конференција насловена „Нови технологии во образованието“ во организација на Британскиот совет.
Оваа година учествуваат повеќе од 6.500 учесници од Југоисточна Европа, а покрај квалитетната конференциска програма има и богата саемска понуда на најдовремена информатичко комуникациска технологија . Професорите од гимназијата „Добри Даскалов“ Кочо Кочов и Зоран Милевски присуствуваат на оваа конференција, а потоа со дисеминација со останатите вработени ќе ги пренесат и споделат најновите искуства стекнати овие денови за да се применат со цел поедноставно совладување на материјалот и постигнување на подобри резултати. Одговорните во гимназијата максимално се залагаат за осовременување на наставата и опремување на училниците со најсовремена технологија, како 3Д уреди, интрактивни монитори и табли, иновативни образовни софтверски решенија, онлајн колаборациска соработка помеѓу професори од сродни предмети од различни земји за подобрување на наставниот процес.
Континуираната едукација на наставниот кадар, постојаното следење на најновите трендови во образованието, осовременувањето на средината за учење, секогаш даваат подобри резултати, а со тоа училиштето е водечко во градот и регионот и едно од најдобрите во државата и пошироко.