МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Домот на културата направи одличен избор со изложбата ан Тграјковски и концертот на Оркестарот на АРМ

Ликовниот уметник Новица Трајковски, синоќа пред кавадарчани се претстави со најновииот опус на слики кои ги работи ова година, и тоа е признание за овој град во кој тој има многу пријатели.Изложбата потоа ке ги посетги Скопје, Битола и други градови. Настанот е во рамките на одбележувањето на традиционалната стопанско туристичка манифестација во чест на верскиот празник “Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите.

Промовирањето на уметничките дела од изложбата започнува од Кавадарци, а подоцна тие ќе бидат презентирани во други градови од државата и странство.

-Пред нас имаме еден сегмент од творештвото на Трајковски, рече директорот на домот на културата Владимир Темков, говорејќи за самиот автор на изложбата, нарекувајќи го севкупен уметник, кој со својата четка ги изразува своето битие и чувствата.

За уметноста на авторот во улога на промотор, говореше историчарот на уметноста Љубен Пауновски.

Свети Трифун е заштитник и покровител на сите оние кои ја сакаат, негуваат и унапредуваат природата, рече пензионираниот универзитетски професот Кирил Темков, кој ја истакна умешноста со која Трајковски ја покажува својата вештина во уметноста.

Пред присутните се обрати и авторот кој меѓу другото, изрази задоволство од соработката со кавадаречкиот културен дом.

Подоцна, во Домот на културата се одржа целовечерен концерт на оркестарот на Армијата на Република Македонија.Полна сала одлична атмосвера,моќно озвучување, прекрасно музичко доживување-нешто што ретко се гледа кај нас.

Податокот дека дури една четвртина од музичарите во оркестарот потекнуваат од Кавадрци не импонира и се гордееме со тој факт.Тоа значи дека имаме вистински професиооналци.