Организатори на театарската претства се Пакомак и здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“
Најмладите од Кавадарци денеска имаа можност да слушнат корисни и едукативни информации во врска со рециклирањето и екологијата преку театарската претствава „Зелена планета“. Претставата е креирана и прилагодена токму за нивната возраст.Локалната самоуправа редовно учествува во проекти кои се во интерес на младите, особено во делот на активности и настани кои имаат еколошки карактер. Кавадарци е меѓу првите градови во Македонија каде за учениците од 4то и 5то одделение се прикажа оваа претстава.
Организатори на театарската претства се „Пакомак“ и здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“, а автор на истата е Детското драмско студио ,,Детски свет“, при МНТ. Караванот има за цел да ги обиколи сите градови во Македонија во следните неколку месеци.
Претставата помина во одлична атмосфера беа одиграни по две претстави во преполни сали, а децата од 6те основни училишта добија едукација и информации за екологијата и рециклирањето на еден забавен начин.