Главната раскрсница 1959 година
Oва е главната
раскрсница
во
кавадаречката чаршија .Освен пешаци, по некој мопед или велосипед, нема автомобили и пешаците се “главни“, a нема ни пешачки премини. На фотографијата од 1959 година ги препознавам Драган Госо Чемерски, Цандо Дуков, Перо Милков како десетгодишно момче, синот на Боро Жтката и др. Во позадината се гледаат железаријата “Иднина“, фотографскиот дуќан на Вано Ќендо, сарачкиот на браќата Кимови и чевларскиот на Колчо Досев.
Петре Камчевски-Кустос историчар во пензија