МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ретка фотографија од центарот на Кавадарци од 1953 година

Денеска нашите пријатели од Музеј Галеријата во Каадарци, не потсетуваат на една ретка фотографија,направена од сегашната страна на Собранието.Пред нас е голем дел од улицата„Маршал тито„ , чија лева страна се тампонира пред изградба, лево се дуќаните на „Борово„ и други тогаш “култни„ градски трговски дуќани.Овде се прикажани и новоизградени објекти по војната .

Десно е сегашниот плоштад кој имал мало базентче за вода со фонтана.На предниоот дел на фотосот се гледа улицата „Илинденска„ која тогаш имала само една коловозна лента и десно се гледа половина од зградата на тогашното Кино „Балкан“ изградена по војната.По десетина години веднаш до него никнува сегашната зграда на Дим на Култура која функционира до ден денес во речиси истите простории со мали адаптации.

Очигледно,според стоп кадарот кој го направил авторот на ова фотографија, тогаш градот живеел во далеку позабавено темпо, без брзање.Со помалку техника,и апетити, но и помалку стресови.