МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Третман на кучињата скитници навистина е потребен и ние како Општина ке преземеме мерки, вели градоначалникот Александар Панов, кога го запрашавме дали како општина го имаат согледано проблемот со нивното бројно присуство и опасноста за безбедноста на граѓаните.

Реакциите од граѓаните во последно време не стивнуваат , напротив тензијата расте, и се почести се апелите од страна на граѓаните прашањето со кучињата скитници да се реши.

-Обидот што го направивме со Општините од Вардарскиот плански регион со помош на УНДП не ни успеа. Но не се откажувамне, вели Панов.Граѓаните забележуваат и го рангираат ова прашање како врвен приоритет на градот во моментов.Инаку во Кавадарци нема егсистенцијални потреби за решавање од типот на недостиг на вода,канализацазиони мрежи и слично, но потребите се веке искристализирани;изградба на детска градинка,уредување на влезовите на градот,решавање на проблемот со фудбалот,и последното што го пратиме е проблемот со кучињата скитници, кој сум убеден во наскоро време, ке го решиме независно дали сами или како регион. Можна е варијантата заедно со ЈП ,,Комуналец“ да пристапиме и да го елиминираме ова прашање,и граѓаните повеке да не бидат изложени на непријатности, напомернува градоначалникот.

-Морам да упатам апел за подршка од граѓаните. Кучињата се сопственост на некој од нив. Од мали тие ги пуштаат надвор, не сакаат да ги чуваат дома,и затоа потоа се множат и се формираат глутници низ градот. Апелирам до оние кои имаат домашни кучиња , да внимаваат на ова и да со тоа да го намалат со одреден процент нивниот број.Инаку потоа истите тие граѓани реагираат до нас на нивното порисуствио на улиците.Но ова не е оправдување туку апел до граѓаните, недопстаток кој верувам дека како Локална самуправа наскоро ке го решиме, напоменува градоначалникот .

м.д.