МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во П.Е. на Министерствотио за земјоделие, водостопанство и шумарство досега аплицирале се поднесени околу 5000 бнарања

„Ве потсетуваме дека рокот за аплицирање за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за тековната 2018 година е започнато и трае до 15 мај 2018 година.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку имате потреба од помош при создавањето на електронското барање, за помош на располагање ви е Подрачната Единица – Кавадарци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

До сега по електронски пат во подрачната единица се аплицирани околу 5000 барања или 75%.

Запазувањето на рокот е многу важен за да може навреме да се обработат барањата и навреме да се исплатат субвенциите.

Затоа апелираме до вас земјоделците, кои немаат извршено аплицирање по електронски пат, а им е потребна помош, да се обратат во подрачната единица секој работен ден од 8 – 16 часот.“-се вели во соопштението од раководителот на ПЕ на Министерството за земјоделие водостопанство и шумарство Кавадарци-Митко Керов.