На седницата се расправаше по 24 точки, кои добија виза од советниците за спроведување
Советниците на Општина Кавадарци денеска главно ги усвоија предложените повеке од 20 матрејали кои ги имаа за расправа на денешната седница.Повекето се однесуваа на Предлог одлуки за давање согласност или измени и дополнувања на веке доснеси одлуки. Од материјалите кои предизвикаа расправа ја издвојуваме она за Педлог одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање ,финасирање, изградба ,стопанисување и пренос на мала хидроелектрична централа на регионалниот водосандителен систем „Лукар“.На Лукар-ЈП Комуналец веке има изградено 4 мини централи. Ова би била со назив Лукар 5.Претставникот на ОО на СДСМ Зоран Бањански и советничката група на ова опозицона партија беа за комплетно фиансирање и изградба од страна на Општината или ЈП Комуналец, наспроти градоначалникот и советнците на ВМРО-ДПМНЕ кои предложија тоа да се финасира со изведбa на на целата работа со партнер кој ке добие концесија , ке го изгради објектот и ке одвојува 10 насто месечно од вкупните приходи за Собранието.Очигледна беше разликата во концептите за решавање на ова прашање за што зборува и гласањето 9 советници гласаа за предложената точка а 6 од СДСМ беа против предложениот концепт.
Инаку на денешната седница беа условоени и Предлог одлуката за измени и дополнувања на Буџетот за 2017,Предлог одлуката за отпис на застарени побарувања и обврски во буџетот во кој на дискусијата и прашањето на советничката од СДСМ Милица Андова објаснувања околу природата и видовите отпишувања даде раководителот на секторот за финансии Цанка Јованова.На денешната седница со мнозинство на гласови беа усвоени и Предлог одлуката за доделување на 2 милиони денари за партерно уредување на Полошкиот манастир,потоа предлог одлуките за јавно зеленило, и управување со отпад, а без дискусија помина и Извештајот за работата на Секторот за комунално уредување урбанизам,сообраќај и животна средина во 2016,аккакоо и Програмата за изградба и реконструкциоја и оджување на локалните патишта за минатата година, и други материјали.