МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Ќе бидат избрани новите солисти-учесници на годинашниот фестивал на детска песна

Фестивалот на детски песнички „Гроздоберче„ ќе ја одржи аудицијата за учество на новото 21-во ред издание .Годинашнава продукција, со новите учестници, ке се знаат по завршувањето на аудицијата која е предвидена да се одржи на 18 март годинава - во сабота од 12 до 14 часот во просториите на Компакт Продукција на ул:„Моша Пијаде“ 17 .

Како што ни изјави Уметничкиот дирекотор на фестивалот Зоран Станоев-Дејзи, интерес кај новите солисти е голем и само најдобрите ке имаат можност да настапат годинава на „Гроздоберче 2017“ .Приказната на гроздоберчињата кои досега учествувале на било кое издание продолжува да се раскажува од овие генерации млади солисти кои имаат желба и прилика да се појават на сцената и ги покажат своите вокални квалитети.Гроздоберче е првата скала која може да биде одлучувачка, некои од нив ,целосно да се посветат на музиката, како многу познати музички имиња во Македонија.