МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oбичаите и ставот на МПЦ околу носењето мартинки

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк,а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна. Во некои краишта на Бугарија со мартинки се китат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река "за да оди, како тече реката". Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега.Инаку ова

Во врска со носењето на мартнките МПЦ ОА вели:

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата.

Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Во Кавадаречките училишта и Детска градинка,обичаите со носењето,продавањето мартинки и правењето разни хуманитарни активности беа спроведени и вчера, како што тоа последните,најмалку две децении, се организира.