Се работи за капитален проект дел од националниот гасоводен систем:
Штип-Неготино-Кавадарци.
Овој гасовод е со должина од 36 км и со дијаметар од 500 мм. Изградбата вклучува машински, градежни и електро работи како и катодна заштита на целиот систем. Во состав на овој гасовод се и две мерни станици наменети за снабдување на градовите како и четри блок станици.
-Со изградбата на оваа делница се овозможува поврзување на градовите Неготино и Кавадарци со што граѓаните на овие градови ќе имаат пристам до природниот гас и можност за користење на придобивките кој ги нуди овој енергент -рече Крсте Миладинов директор на македонски енергецки ресурси на денешната свеченост близу Неготино.
Исто така оваа делница ќе овозможи поврзување на Демир Капија и термоелектраната Неготино, со што за прв пат се отвара можноста за гасификација на оваа електрана.
Тој најави старт на изградба на уште две делници. Неготино-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Во состав на овие гасоводи се и мерните станици наменети за снабдување на градовите Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар. Изградбата на овие мерни станици ќе стартува за еден месец.
Премиерот Емил Димитриев рече дека овој проект е од исклучително значење за Македонија.
-Станува збор за делница со која практично сега веќе изградениот крак во источниот дел во нашата држава се проширува кон Повардарјето, а подоцна истиот ќе биде поврзан – проширен кон Пелагонискиот регион.Ова го велам од причина што веќе следниот месец ја отпочнуваме со градба делницата Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола која ќе биде во должина од 92 км и која е предвидено да биде готова до Септември 2019 година.
Паралелно со почетокот на оваа траса од националниот гасоводен систем во септември оваа година ќе ја отпочниме и градбата од делницата Скопје-Тетово-Гостивар која е во должина од 76 км и која исто како и Неготино-Кавадарци-прилеп-Битола очекуваме да биде завршена за 3 години. Што значи до 2019 година ќе бидат изградени 265 км од гасоводната мрежа, 265 км од националниот гасоводен систем проект во чии рамки предвидуваме следниот период и изградба на останатите 6 нови делници, и тоа Штип-Радовиш-Струмица-Гевгелија до границата со Република Грција, Штип-Кочани-Виница, Штип-Свети Николе- Велес, Струмица-Ново Село до границата со Република Бугарија, Гостивар-Кичево и Кичево-Охрид-Струга-Ќафасан(границата со Р.Албанија). Делници кои ќе значат дополнително поврзување на гасоводната мрежа до сите овие градови и дополнителни капитални инвестиции во рамки на овој исклучително значаен проект за нашата држава, рече Димитриев на денешната свеченост.
Претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пак во изјава за медиумите рече дека гасификацијата е дел од ветувањето кон граѓаните, дел од Програмата на изборите,и програмата на Владата .
-Се работи за гасовод долг 36 км,16 милиони инвестиција е , и кој ке заврши со градба наредната година кон крајот, ноември декември.Практично ова е дел од првата фаза која има неколку делници.Првата делница беше помеѓу Куманово и Штип и заврши минатиот месец–инвестиција во вредност од 75 милиони евра, втората делница е ова од Штип до Неготино –Кавадарци , третата и четвртата делница ке стартува следниот месец : Неготино –Кавадарци-Прилеп и Битола и Скопје-Тетово –Гостивар.Овие делници се во вкупна вредност од околу 90 милиони евра а заедно со Штип-Куманово изнесуваат над 150 милиони евра инвестиција во примарен гасовод во РМ, вели Никола Груевски
Речиси сите делници се очекува со првата фаза да бидат завршени наредната година . За втората фаза се предвидени нови делници.Сега се планира како са се заокружи финасиската конструкција и влезена е во пориоритетите на државата.
На денешната свеченост за значењето на гасоводот говореше и министерот за сообраќај и врски Владо Мисајловски.