Рекинското маало фотографирано 1956 година
Рекинското маало, kako и неколку други стари кавадаречки маала имале свој живот, и за постарите и младите генерации.Во 1956 година е кога е направена ова фотографија,која денеска ја понуди Музеј галеријата од Кавадарци, животот се одвивал со побавно темпо од денешното . На фотографијата се куќата на Климентие Бошков, слаткарницата “Шар“, куќите на Шахпазови, Пончеви итн.Денес овда централна е улицата „7 Септември“- со друга урбана слика,поинакви дуќани-продавници,аптеки,згради за живеење и друга комунална инфраструктура.
Името на маалото веројатно доаѓа од местоположбата на куќите на овој дел на градот.
Ова фотографија е направена на 6.март 2017 година.Споредбата е очигледна.Тоа особено го знаат оние кои овде живееле некогаш и денес.