МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОДЛОЖЕНИ СИТЕ СРЕДБИ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ

Во последен момент поради пандемијата со корона вирусот и поради појавата на заразени ракометари во екипата на „Работнички“ РФМ се одлучи да постапи идентично како што направи и со групата „А“ од ракометната супер лига. Затоа ги одложи сите натпревари и од групата „Б“ во период од 2 недели односно ја стави во мирување и оваа натпреварувачка група а претходно го одложи и стартот на првата ракометна машка лига. Ова значи дека средбата „Тиквеш“ - „Прилеп“ која требаше да се игра вечерва е одложена. Првенството во оваа група од ракометната супер лига ке продолжи по паузата од две недели. Само да напоменеме дека според последните медицински проверки сите наши ракометари се здрави.

м.в.