МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Борјан Бранковски на ова силно натпреварување освои бронза со воздушен пиштол

Изминатиов викенд или поточно на 12 и 13 февруари во Нови Сад република Србија се одржа силен меѓународен натпревар во стрелаштво со воздушно оружје. Од Македонија учествуваа вкупно 8 стрелци меѓу кои и членката на СК Кавадарци Лилјана Илиева. Таа имаше солиден настап во рамките на своите можности и се пласираше на 28 место во категоријата јуниорки. За одбележување е постигнувањето на еден квалитетен резултат во дисциплината воздушен пиштол. Имено Борјан Бранковски имаше одличен настап со влез во финалето и освоен бронзен медал. На овој натпревар нашите македонски стрелци за прв пат настапија и во дисциплината мешани парови.

м.в.

12345 274003839_432737425258601_3516434940374300413_n

273738653_631838094588924_9056778595971786584_n