РАКОМЕТАРИТЕ НА „ВАРДАР“ НЕГОТИНО СЕ ДОМАЌИНИ НА ПОСЛЕДНИОТ ТУРНИР И СО 2 ПОБЕДИ МОЖАТ ДО ПОЗИЦИЈАТА БРОЈ 4

Ракометните прволигаши овој викенд ке го завршат првиот круг од натпреварите за оваа сезона. Ракометарите на „Вардар“ Неготино по воведните 2 победи прокнижија три порази по ред. Изминатиот викенд неготинските ракометари забележаа порази од екипите кои преферираат за висок пласман во оваа група. Прво во саботата беа поразени од „Скопје“ со 38-32 а потоа во неделата загубија од домакинот „Куманово“ со 35-32. Комплетните резултати од двете групи се следниве:ЧЕТВРТО КОЛО ГРУПА „А“ ДОМАКИН РК „РИНИА“„ДРАЧЕВО“ - „ЈЕХОНА“ 40 - 31„РИНИА М“ - „БОРЕЦ“ 34 - 40„ПРЕСПА“ - „КИЧЕВО“ 38 - 21 „АЕРОДРОМ“ - „ШАМПИОН“ 41 - 27ПЕТТО КОЛО ГРУПА „А“ ДОМАКИН „ДРАЧЕВО“„КИЧЕВО“ - „РИНИА М“ 28 - 33„ЈЕХОНА“ - „ПРЕСПА“ 25 - 24„ШАМПИОН“ - „ДРАЧЕВО“ 29 - 37 „БОРЕЦ“ - „АЕРОДРОМ“ 24 - 45 ЧЕТВРТО КОЛО ГРУПА „Б“ ДОМАКИН „МАКЕДОНИЈА ЃП“„МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.“ - „МЕТАЛУРГ-РА“ 22 - 39„ТЕКСТИЛЕЦ“ - „ПАРТИЗАН“ 25 - 22 „ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР“ - „КУМАНОВО“ 23 - 35 „ВАРДАР НЕГОТИНО“ - „СКОПЈЕ“ 32 - 38 ЕТТО КОЛО ГРУПА „Б“ ДОМАКИН „КУМАНОВО“„ПАРТИЗАН“ - „ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР“ 34 - 34 „СКОПЈЕ“ - „МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.“ 37 - 29„КУМАНОВО“ - „ВАРДАР НЕГОТИНО“ 35 - 26„МЕТАЛУРГ-РА“ - „ТЕКСТИЛЕЦ“ 35 - 19

Претстојниов викенд домакини на групата „А“ ке бидат екипите на „Аеродром“ и „Борец“ а во групата „Б“ прво домакин ке биде тимот на РК „Партизан 2016 спорт“ а средбите од последфното коло во овој циклус ке се одиграат во Неготино. Ракометарите на „Неготино“ во моментов се петти на табелата на која водат „Металург“ и „Скопје“ со по 15 бодови и „Куманово“ кое има 12. Четврта е екипата на „Текстилец“ која има 6 бода колку што имаат и Неготинчани. „Неготино“ во саботата прво игра со домакинот „Партизан“ кој е 7 на табелата со само 1 бод а по недела се среќаваат со Делчево кој е 6 на табелата со 2 бода заостанување зад неготинчани. Со две победи комшиите од Неготино можат да стигнат до позицијата број 4 бидејки „Текстилец“ прво игра со „Делчево„ па во последното коло се сречава со „Скопје“ кој е претендент за првата позиција на табелата.

м.в.