Лилјана Илиева и Лина Нојкова во состав на македонскиот Б тим го освоија 7 место
Изминатиов викенд по 14ти пат во Сараево - Босна и Херцеговина, се одржа меѓународен турнир во стрелаштво со воздушна пушка и пиштол под наслов "6ти Април" а во организација на СК Сараево.. На турнирот учествуваа врвни стрелци од 10 тина држави меѓу кои беа и 11 натпреварувачи кои ја претставуваа Македонија. Во комплексот на легендарната спортска сала Зетра се гаѓаше на 30 електронски мети. Македонската репрезентација освои сребрен медал во дисциплина пушка мажи, а Анастасија Мојсовска го подобри државниот рекорд со 622,1 круг. Од СК Кавадарци наова натпреварување учествуваа Лилјана Илиева која постигна резултати од 593,8 и 596,1 и Лина Нојкова со резултати 601,1 и 588,5 кругови. Двете во состав на вториот тим на жени пушка и го освоија 7-мото место.
М. В.