МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ УБЕДЛИВО ДО ВТОРАТА ПОБЕДА

Вечерва во салата Јасмин ракометарите на ГРК Тиквеш го декласираа младиот тим на Астраион од Струмица со убедливи 39:25. Без Јанчев во составот кавадарчани од првиот миг превзедоа контрола и го полнеа противничкиот гол. Кога увидоа дека младите гостински ракометари не можат да парираат домаќинот заигра со пола снага но и тоа беше доволно за неискусните струмичани. Кавадарчани на полувреме водеа со 22:11 и до крајот само рутински ја чуваа и зголемуваа разликата. Смињаниќ со 9 погодоци беше најефикасен на теренот а Лазов постигна 8 додека Нацев со 7 гола беше најефикасен во редовите на Астраион. Ова е втора победа по две одиграни кола за ГРК Тиквеш во борбата за опстанок во ракометната елита

М.В