МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ ВО САБОТА ГО ПРЕЧЕКУВААТ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2ЗА МЕСТО ВО ПЛЕЈ ОФОТ КАВАДАРЧАНИ КЕ МОРА ДА ГИ СОВЛАДААТ ДИРЕКТНИТЕ КОНКУРЕНТИ

Вчера се одиграа неколку средби од ракометната супер лига. Во А групата очекувани победи на екипите на „Охрид“ и „Струга“ додека во дербито на дното „Астраион“ и „Јуниор КВ“ ги поделија бодевите. Во оваа конкуренција „Охрид“ е сигурно прв додека за останатите две места борба ке водат „Пролет“, „Струга“ и „КЛ 7“. Следното коло на програмата е веке во петок.Во Б групата се одигра само еден натпревар во кој „Еурофарм Пелистер 2“ го декласираше тимот на „Младост“ со високи 36:23. Не се одигра натпреварот „Бутел“ - „Тиквеш“ бидејки кај домашните се појавија заболени од корона. Утре треба да се одигра натпреварот „Прилеп“ - „Работнички“ а утре исто така ке се одигра и заостанатиот натпревар помеѓу „Еурофарм Пелистер 2“ и „Металург“. Во оваа конкуренција следното коло на програмата е во сабота а во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19 часот екипата на ГРК „Тиквеш“ ке го пречека тимот на „Еурофарм Пелистер 2“. Ако екипите на „Металург“ и „Бутел“ како поквалитетни можеме да кажеме дека веке си обезбедија место за плеј офот за третата позиција ке се води рамноправна борба помеѓу екипите на „Еурофарм Пелистер 2“, „Тиквеш“, „Прилеп“ па дури и „Работнички“. Ова значи дека нашите ракометари сами си ја одлучуваат судбината но ке биде тешко бидејки гостуваме и кај „Бутел“ но и кај „Прилеп“ и „Работнички“.

м.в.

128976956_408913776969368_6510602132677519799_n