НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ ОД РОСОМАН ГО ЗАСИЛИЈА ТОКМУ ВАРДАР НО И СЕ ВРАТИЈА ВО ТИКВЕШ

Екипата на „Росоман“ и официјално ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Откако беше одработен првиот тренинг информациите велат дека екипата ќе ја води Горан Тодоровски, заедно со Драгана Костова која и во есенскиот дел работеше со поранешниот тренер Глигоров. Од извори блиски до клубот бевме информирани декаво наредните денови ќе бидат откриени и засилувањата кои ќе треба да го подигнат нивото на клубот за пролетната полусезона, каде „Росоман“ ќе има тешка задача во борбата за опстанок. Инаку росоманчани есенскиот дел од сезоната го заврши на последното место на табелата во Втората лига – Исток со осум освоени бодови. Во овој зимски период клубот го напуштија голем број на фудбалери. Некои се вратија во „Тиквеш“ а некои заминаа во Неготино во екипата на „Вардар„ каде тренер е поранрешниот стратег на „Росоман“ Никола Глигоров. Голманот Анѓелков,Јанев и Костовски на некој начин се вратија во „Тиквеш“. Тренерот на „Вардар“ од Неготино Глигоров стартуваше со подготовките и ке се обиде клубот да го врати во втората лига.Нови имиња во клубот се стоперот Благој ТЕмков кој доаѓа од „Росоман„ а заедно со него од истиот клуб дојде и Никола Вареловски. Мико Чаушев од „Марена“ и Дончо Јанев од „Габер“ исто така го засилија неготинскиот состав.

м.в.

139969225_1028845944262270_8497731878766182349_n