И ДВЕТЕ ЕКИПИ ВО НОВАТА ГОДИНА ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА КЕ СТАРТУВААТ СО НОВИ ТРЕНЕРИ

Понеделнички кавадаречките фудбалери и ракометари ке ги стартуваат зимските подготовки за вториот дел од сезоната. И двете екипи во вториот дел од сезоната ке имаат нов шеф на стручниот штаб а се очекуваат и промени во играчкиот кадар. Кај фудбалерите веке е ангажиран Пане Блажевски поранешен тренер на велешки „Борец“ кој доаѓа на местото на Раде Цицмиловиќ кој си поднесе оставка во финишот од есенскиот дел. Раководството на „Тиквеш“ според одредени медиуми го сменило и Ванче Шиков од местото спортски директор на кавадаречкиот тим. Што ли се крие зад ваквата одлука се уште не е познато но пред два дена на списокот на играчи на кои ќе смета новиот тренер Пане Блажевски, од сегашниот ростер за пролетниот дел го немаше името на Ванче Шиков. Од клубот закажаа прес конференција и прва прозивка во понеделник во 11 часот а екипата на РТК.МК ке се обиде да ги дознае сите детали околу овие одлуки како и да се обиде да ги обелодени новите имиња доколку до тогаш клубот се договори со некои играчи.И ракометарите на ГРК „Тиквеш“ ке стартуваат со подготовките во понеделник. Според последните информации клубот му врачил отказ на тренерот Томче Петрески кој пред почетокот на сезоната ветуваше сигурен плеј оф но не успеа да си го исполни ветувањето и разделбата беше неминовна. Клубот се раздели и со белорусинот Хапал кој повеке беше повреден отколку што играше. Се очекува во понеделник да биде обелоденето кој ке го води клубот во плеј аутот и дали се планирани играчки промени во ростерот за пролетниот дел.

м.в.

index