КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ СЕ ИЗДВОИЈА НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА СО ШЕСТ БОДА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ
Откако се одиграа средбите од 10. коло од суперлигашкиот плеј аут ракометарите на ГРК Тиквеш си ги зголемија шансите за опстанок во елитата откако се одлепија на + 6 бода од најблиските конкуренти. Кавадарчани беа сигурни во дуелот со Младост и славеа со 28:23 во натпревар во кој победата на домакините во ниеден момент не беше доведена во прашање. Радовиш во дербито го совлада Прилеп со 27:24 и се израмнија со бодовите на табелата. Ова беше 6 победа во серија за Радовишани во пресрет на големото дерби со ГРК Тиквеш во недела во Неготино. КЛ 7 лесно го совлада Астраион со 36:23 и се израмни со Прилеп и Радовиш на делба на второто место со по 18 бодови. Работнички тесно со 34:33 го совлада Јуниор КВ и се искачи на 5 позиција со 15 бодови. Следното 11 коло ке донесе нови возбудувања. Големото дерби се игра во Неготино каде ГРК Тиквеш ке го пречека Радовиш и ке се обиде да стави крај на победничката серија на радовишани. Доколку кавадарчани победат со една нога веке ке го изборат опстанокот во елитата. Интересно треба да биде и на средбитре Јуниор КВ - Прилеп и Младост - КЛ 7 каде екипите кои се домаќини едноставно мора да победат доколку сакаат да ги задржат теоретските шанси за опстанок. Работнички не би требало да има проблеми на гостувањето во Струмица кај Астраион.
М.В.