КАВАДАРЧАНИ ОСТАНАА СО МАКСИМАЛНИ 5 ОД 5
Екипата на ГРК Тиквеш остана единствена непоразена екипа во суперлигашкиот плеј аут откако денеска во дерби натпреварот од 5 коло го совладаа директниот конкурент тимот на КЛ 7 на кој му го нанесоа првиот пораз со 30:27. И двете екипи во оваа средба влегоа непоразени со по 4 победи но искусните кавадарчани на крај заслужено славеа. Тиквеш средбата ја отвори со 4:0 и ваквата разлика од 3-4 гола ја одржуваше се до 22 мин. Гостите почнаа максимално да ги казнуваат грешките на домакинот па на полувреме се замина само со 15:14. Идентично беше и во вториот период. Тиквеш повторно се одлепи а КЛ 7 знаеше да се врати. Смиљаниќ и Јанчев го предводеа својот тим до нова победа а голманот Велков му одбрани пенал на Ѓорѓиев во клучните моменти во финишот и не дозволи изненадување во Кавадарци. Смиљаниќ даде 9 а Јанчев 8 голови а кај гостите Ѓорѓиев даде 9 а Симоноски 7.
М.В.