МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Младите кавадаречки спортисти и спортистки меѓу најдобрите во државата ако не и најдобри

Младите кавадаречки спортисти се почесто се номинирани за најдобри во своите спортови. Викендов беше берикетен за кавадаречкиот подмладок во неколку спорта со што се покажа дека ако се работи правилнои и перманентно спортската иднина е загарантирана. Младите каратисти освоија 25 медали на меѓународниот карате натпревар “ Солидарност Опен” 2022.Младинците на ГФК Тиквеш предводени од тренерот Диме Златев станаа шампиони на Македонија во Втората Младинска лига на ФФМ. Станува збор за генерација 2003 и помлади која одигра 18 натпревари и забележа 16 победи и само два порази со 62 постигнати гола и само 14 примени.Младите кошаркарки при гимназијата Добри Даскалов на државнот првенство за средни училишта го освоија второто место. Всушност ова требаше да биде гимназијада но заради пандемијата се играше како државно првенство во еден ден. Нашите девојчиња во полуфиналето ја совладаа Струмица а во финалето загубија од Крива Паланка.Не е никакво оправдување за поразот но во првиот натпревар со повреди се стекнаа клучните наши кошаркарки членки на ЖКК Трокал – Бошкова, Тодорова па и Миткова па професорот Тимчо Пецов беше осетно ослабен за финалето. Сепак да се биде втор од околу сто средни училишта во државата е огромен успех за овие девојчиња.

viber_image_2022-05-16_12-18-10-878 viber_image_2022-05-16_12-18-14-191

М.В.