АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОСКИ ОД ЕКИПАТА НА ЈУНИОР КЕ ГО БРАНИ ГОЛОТ НА ГРК ТИКВЕШ ВО ПЛЕЈ АУТ ГРУПАТА

Кавадаречкиот ракометен суперлигаш екипата на ГРК „Тиквеш“, подготовките за пролетниот дел односно за плеј аутот ги започна со нов тренер. Во едно интервју со членот на управата г-дин Зоран Јосифовски беше потенцирано дека ростерот останува ист но доколку има потреба можни се и засилувања одсобено на голманската позиција.

Токму тоа и се случи па кавадарчани веке имаат нов голман. Искусниот голман Александар Стојаноски го напушти тимот на „Јуниор Кисела Вода“, и му се приклучи на суперлигашот „Тиквеш“. Стојаноски за медиумите потенцираше дека од приватни причини го напуштил клубот од Кисела Вода. Искусниот голман со новиот тренер Андоновски има работено додека носеше дресот на „Охрид“. Стојаноски во својата кариера има настапувано за „МАКС Струмица“, „Младост“ Богданци, „Борец“ Велес, „Охрид“, „Струга“ и последно „Јуниор Кисела Вода“.

Се очекува неговиот ангажман да придонесе во борбата за опстанок на „Тиквеш“ во елитното друштво. Само да споменеме дека во првото коло од суперлигашката плеј аут група екипата на „Тиквеш“ ке му гостува на сега веке поранешниот тим на голманот Стојаноски „Јуниор“ во Кисела Вода.

м.в.