МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И ПОКРАЈ ПОБЕДАТА КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ СЕПАК КЕ ИГРААТ ВО ПЛЕЈ АУТ ГРУПАТА

Кавадаречките ракометари во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната забележаа победа над „Работнички“ на гостувањето во Скопје но оваа за нив беше горчлива победа која значеше само 4 место на табелата односно дека сепак ке играат во плеј аут групата. Со победата од 16:23 на гостувањето во Прилеп против истоимениот тим екипата на „Еурофарм Пелистер 2“ се најде во плеј-офот од Супер машката лига и го затвори списокот на учесници во групата во која ќе се разигрува за шампионската титула, но и за местата во европските купови. Во третиот натпревар од ова последно коло „Металург“ уште еднаш загуби на домашен терен но овој пат од „Бутел“ со 26:31.Во плеј оф групата Скопје ги има „Вардар“, „Металург“, „Бутел“ и „Пролет“. Битола ќе ги има двете екипи на „Еурофарм Пелистер“, а на списокот се и „Охрид“ и „Струга“. За жал во плеј-аутот ракометарите на ГРК „Тиквеш“ за противници ке ги има екипите на „КЛ 7“, „Радовиш“, „Јуниор Кисела вода“, „Астраион“, „Прилеп“, „Работнички“ и „Младост“ од Богданци.

м.в.