ПРИЛЕПЧАНИ ИМ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА КАВАДАРЧАНИ И В ГОДИНА КЕ ИГРААТ ВО СУПЕРЛИГАТА ЗАЕДНО
Заврши ракометната сезона во суперлигашкиот плеј аут. Први низ целта поминаа прилепчани кои во последното коло во дербито го совладаа ГРК Тиквеш на свој терен со 32:28 и на тој начин закажаа нови меѓусебни пресметки и следната сезона во суперлигата бидејки кавадарчани уште во минатото коло ги разрешија сите дилеми околу опстанокот.
Средбата во Прилеп беше мошне интересна со две различни полувремиња но тимот на Прилеп беше подобар во вториот дел од средбата. Од почетокот на натпреварот и двете екипи имаа што да покажат на теренот, се надигруваа 30 минути но немаше поголема предност ниту на едната ниту на другата страна така што на одмор се замина со 12:12. Стартот на вториот дел помина во знбакот на гостите, но за само неколку минути екипата на Прилеп дојде до 18:15 и овие три гола ги одржуваше до крај без поголем проблем па средбата финишираше со победа на РК Прилеп од 32:28 со што беше потврден опстанокот во Супер лигата. Кај кавадарчани видлив беше заморот од напорната сезона, проследена со низа повреди, ковид ситуации и други проблеми. Тренчевски со 8, Чантурија со 7 и Рустамов со 5 голови беа најефикасни кај прилепчани додека кај кавадарчани Јанчев даде 9 а Ѓошевски 6. Радовиш очекувано го декласира Астраион со 38:15 но сепак ке игра бараж за опстанок во елитата.
Работнички и КЛ 7 одиграа натпревар за престиж а победа од 34:39 славеше КЛ 7. Исто се случи и на средбата Јуниор КВ - Младост каде скопјани со победа се простија од суперлигата славејки над богданчани со 29:25.
М.В.