ФЕДЕРАЦИЈАТА ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ СИТЕ ПРЕДВИДЕНИ АКТИВНОСТИ ПРЕД СЕ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ НАЈМЛАДИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА
Кошаркарската федерација на Македонија продолжува со рестрикциите во првенствата се со цел да ги заштити спортистите. Откако среде сезона го смени системот на натпреварување во машката и женската кошарка и и со тоа го намали бројот на натпревари, сега на ред дојдоа и оние најмладите. Имено влошената здравствена ситуација во целата држава предизвикана од корона вирусот како и препораките добиени од Институтот за јавно здравје го натера раководството на федерацијата да донесе одлука и да ги прекине сите активности во Младинските лиги. Тоа значи дека се одложуваат сите натпревари кои беа опфатени со последното делегирање, а кои поради актуелната ситуација со корона вирусот досега не беа одиграни. Одлагањето на натпреварите во сите Младинските лиги ќе трае до 20. април 2021 година. Раководтвото на федерацијата ќе ги следи сите актуелни состојби поврзани со епидемијата и во зависност од актуелниот здравствен момент во земјата ќе бидат и следните чекори поврзани со враќање на активностите во младинскиот сегмент.
М.В.