ВО ЧЕТВРТФИНАЛНАТА ГРУПА СО КАВАДАРЧАНИ СЕ И ЕКИПИТЕ НА АСТРАИОН, РАДОВИШ И ВАРДАР - НЕМАВМЕ СРЕЌА СО ЖРЕБОТ ПА ГО ДОБИВМЕ НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК
Во Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката на шеснаесетте најдобри екипи во машкиот дел од Купот на Македонија во ракомет или попрецизно познати се учесниците во четирите групи во оваа фаза.Значи по бергеровиот систем беа одредени полуфиналните парови во групите. Победниците во првите дуели, ќе играат меѓусебе за пласман на „фајнал-фор“ турнирот на Купот. Со извлекување на редни броеви, веднаш беа одредени и паровите во четирите групи, па така се направи и потенцијалниот пат до Ф4 турнирот на најуспешните екипи.
Група А: Еурофарм Пелистер 2 - Металург, Работнички - Голден Арт КЛ7Група Б: Пролет 62 - Прилеп, Младост 1977 - Еурофарм ПелистерГрупа В: Астраион Хендбол - Радовиш, Вардар 1961 - Тиквеш 2014Група Г: Бутел - Јуниор К.В, Струга - Охрид
По четвртфиналните групи во Купот на Македонија, најдобрите четири екипи ќе пристапат на „фајнал-фор“ турнир, преку кој ќе се добие шампионот за оваа сезона.За разлика од мажите, кај дамите е одиграна четвртфиналната групна фаза и ке следува „фајнал-фор“ турнирот каде ќе играат Куманово, Вардар, Металург и Чаир. Со извлекување на редни броеви, беа распределени полуфинални парови во Купот: Вардар - ЧаирКуманово - МеталургПобедниците во двата полуфинални дуели ќе се пресметаат во натпреварот за трофејот на Купот во Македонија.
М.В.