Кавадаречките стрелци постигнаа очекувани резултати а напредокот е видлив кај сите
На стрелиштето Беј Бунар во Охрид викендов се одржа вториот куп во стрелаштво за воздушна пушка и пиштол меѓународна програма. На ова натпреварување стрелачкиот клуб Кавадарци настапи со 8 стрелци кои ги постигнаа следниве резултати:Никола Караѓорѓев и Андре Давчев - пушка мажи - 6то и 10то место. Лилјана Илиева и Лина Нојкова - пушка жени - 3то и 11то место. Сашко Давчев, Атанас Танев и Лазар Михајлов - пиштол мажи- 5то, 16то и 17то место. Најголем напредок покажа Билјана Караѓорѓева во дисциплината пиштол жени со освоено 4то место со 524 кругови.
М.В.