Десното крило дојде од КЛ 7 а кавадарчани полека ги пополнуваат сите позиции во тимот

Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува полека но сигурно да го комплетира играчкиот ростер за следната сезона пополнувајки ги сите позиции во тимот. Прво беше решена тренерската позиција па на местото на Горан Андоновски беше донесен искусниот Ристо Магдинчев. Потоа управата го врати во Кавадарци Борче Соколов кој треба да биде клучна алка во кавадаречката одбрана. Веднаш потоа беше продолжена соработката и со голманите Стојановски и Велков, искусниот Јанчев и пикерот Окардов. Продолжена е и соработката со Страхиња Симиќ а престојот во Кавадарци го продолжија и двете леви крила Кондев и Коцев.На позицијата десно крило остана ветеранот Лазов а најнова аквизиција на кавадарчани е уште едно десно крило. Се работи за Евгениј Темелкоски, кој лани ги бранеше боите на Голден Арт КЛ7 и беше меѓу најдобрите стрелци.Младиот Темелкоски, освен за скопскиот клуб, претходно играше и за матичниот клуб Прилеп, како и за Работнички а сега ќе му прави друштво на искусниот капитен Орданчо Лазов.Подготовките на Тиквеш стартуваат на 29 јули, а договорени се настапи на турнирите во Струга и во Прилеп.

М.В.