МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во петок се играат машките полуфиналиња, во сабота женските а финалињата се во недела

Од 13 до 15 мај, салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Во петок на 13 мај, ќе се играат полуфиналните натпревари кај мажите и тоа од 17 часот Еурофарм Пелистер 2 – Вардар и од 20 часот Бутел – Еурофарм Пелистер. Во сабота на 14 мај на програмата се женските полуфинални двобои и тоа од 14 часот ке играат Куманово и Металург а од 17 часот Ѓорче Петров и Чаир. Во недела на 15 мај од 17 часот е женското финале а од 19.30 машкото финале . Актуелни бранители на титулите во Купот на Македонија се екипите на Вардар и Куманово, кои мината година славеа во салата во Автокоманда.

М.В.