МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПО ДВА ГРАДА ДОМАКИНИ И ПО 4 НАТПРЕВАРИ НА ДЕН

Пандемијата со Ковид 19 за жал го крои распоредот на натпревари и налага измени за текот на претстојната сезоната, а последните информации велат дека натпреварите од Првата машка ракометна лига ќе се играат турнирски, наместо место по лига систем како што беше планирано. Ова значи дека секој викенд ќе има по два града кои ќе бидат домаќини на натпреварите во групите. Практично во секој град ќе има по четири натпревари на ден и есенскиот дел од шампионатот би траел од 4 до 25 октомври. Ова го потврдија и дел од екипите кои се во Првата лига. Сите се известени дека првенството стартува на 4 октомври. Натпреварите ќе бидат организирани во една сала и според протокол така што ќе може да се одработат по четири средби во еден ден. Инаку, натпреварите ќе стартуваат на два часа, а седум кола би требало да се одиграат до крајот на октомври. Ова значи дека со еден тест ќе може да се играат две средби за викенд, па практично прволигашите ќе мораат четирипати да се тестираат есенва со оглед на тоа што ќе бидат одиграни само седум кола и после нив ќе се знаат тимовите кои одат во плеј-оф и во плеј-аут. Домаќините на секој турнир односно на секое коло се одредени со ждрепка, а распоредот останува истиот кој беше утврден и пред почетокот на сезоната.Со оглед на тоа што натпреварите се играат на неутрален терен нема да има возвратни дуели така што ќе се одиграат само седум кола. Инаку, сезоната стартува во Скопје и во Кичево кои се првите градови домаќини. Првото коло треба се игра в недела на 4 октомври, а потоа ќе има две кола на 10 и 11 октомври, па две на 17 и 18 и последните две на 24 и 25 октомври.Но сепак ке се почека до официјалната потврда бидејки РФМ веке го одложи стартот на првенството во првата лига. И второ можеби ке треба некој одново да се пресмета за овој начин на одигрување. Ке се игра во октомври па ке има пауза од 5-6 месеци па пак ке се игра 1 месец и пак пауза од 5-6 месеци. Колку е исплатливо и за клубовите и за играчите и за спонзорите ке треба да се удри и некоја друга математика.

м.в.